М Кеш: Од идеја до лидерство во финансиската индустрија!

18.10.2023

Пред пет години, М Кеш за прв пат на пазарот го воведе својот проект “Продавници за пари“  како нова компанија со одлична визија и тим од 15 вработени. Но, со правилната стратегија, уникатен пристап и неуморна посветеност, денеска М Кеш не е само реномирано име, туку и водечка институција во финансиската индустрија.

"Се сеќавам на денот кога поранешниот Генерален директор нас не повика на консултации за идејата за 'Продавниците за пари'. Тоа беше моментот кога решивме да се осмелиме и да влеземе во непознати води. Нашата убеденост и желба за иновација не донесе на местото каде сме денес," изјави Бјанка Катру Генерален директор на М Кеш. "Со нашите 49 продавници низ целата Македонија и тим од преку 200 вработени, докажавме дека смелоста и иновациите се клучни за успех."

Бјанка Катру - Генерален директор на М КЕШ

Основата на успехот на М Кеш секогаш била во неговите луѓе. "Секогаш сме верувале дека правите луѓе можат да направат разлика. Како поранешен раководител на човечки ресурси, имав уникатна прилика да бидам дел од изборот и развојот на нашиот тим. Многу од нашите вработени кои започнаа како млади ентузијасти, денес се на водечки позиции," додаде таа.

Првите “продавници за пари“ М КЕШ ги отвори во Скопје, Штип, Струмица и Куманово во 2018 год. Од самиот почеток се заложивме дека развојот на продавниците за пари ќе бидат не само места за обезбедување на финансиски услуги, туку и места каде што клиентите ќе можат да добијат и поддршка, почит, разбирање и совет. Со текот на времето, нашата мрежа на продавници се прошири на територијата на цела Македонија.

Но, успехот не е само во бројките. Еден од најсилните показатели за успех е и лојалноста на колегите кои се со нас од самиот почеток.
 Меѓу првите кои веруваа во мисијата на М КЕШ и веруваат до денес и привлекуваат и други околу себе се и Александра Мишевска, Бојана Стојанова, Драгица Џонова и Стефан Каранфилов.



Во иднина, М Кеш планира уште поголема експанзија и воведување на нови услуги, со амбиција да се задржи на врвот на финансиската индустрија. Нашата историја е доказ дека со правилната стратегија, визија и тим, сè е можно.