Финансиското друштво М Кеш - Пример за професионализам во Корпоративната Безбедност и Заштита на Личните Податоци

27.10.2023

 


На 20 октомври, во конференциската сала на Домот на АРМ, се одржа 10-та јубилејна меѓународна научна и стручна конференција организирана од Асоцијацијата за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права. Овој настан, насловен како “Корпоративната безбедност – столб на безбедноста на деловниот свет“, собра еминентни стручњаци и водачи од индустријата, ставајќи фокус на современите безбедносни ризици и закани за деловниот свет.

Претседателот на Асоцијацијата, проф. Д-р Атанас Козарев, свечено ја отвори конференцијата, истакнувајќи го  значењето на адаптацијата и иновациите во борбата против корпоративниот криминалитет, сајбер безбедноста, индустриската шпијунажа, и други актуелни предизвици.

На настанот, финансиското друштво М Кеш беше прогласено за добитник на  наградата за најдобра компанија за имплементација на мерки од областа на корпоративната безбедност и заштита на личните податоци. Ова признание е одраз на нивната посветеност кон заштита и сигурност, како и нивниот иновативен пристап кон управувањето со ризици.

 

Наградата му беше врачена на Раководителот на одделот за корпоративна безбедност г-дин Стефан Тошевски, кој искажа благодарност за дадената поддршка на Асоцијацијата,  и на Управителот на друштвото г-ѓа Бјанка Катру, на колегите од својот оддел Борис Николовски, Драган Стевановски, на Раководителот на правниот оддел Симона Илиевска и на сите останати оддели од компанијата, кои даваат свој придонес во заштитата на личните податоци и корпоративната безбедност на друштвото.

Со иста мера на внимание и признание, беа наградени и други истакнати поединци и компании кои придонесуваат кон подобрување на корпоративната безбедност и управување. Меѓу нив, компанијата Божиновски, м-р Вера Велинов како успешна жена лидер во областа на корпоративното управување, и Г-дин Костадин Костадинов и д-р Митко Јанчев за нивните придонеси кон промоцијата на концептот за локална безбедност во општина Струмица.

 Оваа конференција и наградите кои се доделуваат не само што ја истакнуваат важноста на корпоративната безбедност во современото деловно опкружување, туку и служат како поттик за компаниите и индивидуите да продолжат со своите напори во создавањето побезбедна и одржлива деловна клима.

М КЕШ - Награда за Најдобра компанија за имплементација на мерки од областа на корпоративната безбедност и заштита на личните податоци

Признанието на М Кеш е пример за сите оние кои се стремат кон професионализам во финансиската индустрија.