Трендовите во онлајн пазарувањето во 2017 година

19.04.2017

2016 година е веќе во минатото. Таа беше година исполнета со предизвици и иновации во трговијата. Генијалноста на новaта конкуренција и нивните обиди да се стекнат со пазарен удел доведе до создавање на нови практики и технологии , кои се на пат да ја променат индустријата засекогаш. Така 2017 се очекува да биде "безмилосно жестока " и да ги "фрли зад одборот " сите големи играчи кои нема да ги следат новите трендови во браншата. Ефектите од тој натпревар ќе го почувствуваме ние - потрошувачите кои ќе бидеме нападнати од новите стратегии за продажба. И говорејќи за стратегии и трендови, да наброиме некои од нив.

Одржливост и квалитет

Ако годините наназад цената беше водечки фактор за повеќето потрошувачи и преовладуваше над квалитетот, тогаш овој тренд е на пат да исчезне. Во 2017 година се очекува цената да биде целосно занемарена во однос на квалитетот на производот, транспарентноста на понудата и начинот на производство (особено се однесува на производите за широка потрошувачка). Секој кој ќе обезбеди на своите клиенти целосна информација и ќе ја пренесе на правилен начин ќе му се зголеми популарноста меѓу корисниците. Со други зборови - чесност и транспарентност ќе бидат основа за напредување на бизнисот на трговците.

Интернет и шопинг

Се зголемува трендот се повеќе продавници да се пренасочат во шоурум за своите производи, а реалната трговија да се случува целосно онлајн. Продавниците постепено се пренесоа во социјалните мрежи на интернет, секој голем трговец има свој е-Магазин. E-commerce технологиите се до толку развиени што успеваат да ги следат интересите на сите корисници, да изготват нивни клиент профили и да ги "одгонетнат " работите кои би ги заинтересирале. Така трговците, преку технологијата успеваат да влезат во видното поле со реклами, "случајни " пораки и мислења. Ова обезбедува максимален процент на успешност во онлајн трговијата и ја намалува шансата клиентот да биде пропуштен без да си купи нешто.

Домашна атмосфера

Чувството на домашен комфорт има предиспозици и клиентите да извршат купување. Луѓето се уморни од стерилно опкружување во продавниците и од трговците, кои се обидуваат да продадат нешто по секоја цена. Купувачите имаат потреба од нов вид на искуство каде ќе се чувствуваат како дома. Комфорот е еден од факторите кој ги поттикнува да ја извадат кредитна картичка и да купуваат.

Интересно е дека овој тренд се пренесува и во онлајн средината. Дизајнот на сајтот, начинот на презентирање на производите, достапноста на информациите - тоа игра клучна улога во одлучувањето за купување.

Удобство

Удобството е еднакво на заштеда на време. И бидејќи секојдневието ни станува се по динамично трговците почнуваат да се грижат за нас и да заштедат од нашиот највреден, временски ресурс. Најиновативните од нив веќе се одлучија за оваа вистинската насока. Тие даваат можности купувањето да биде направено со едно копче, со еден повик или порака. Има и такви бизниси, кои преку претплата од ваша страна редовно ќе вршат купување место вас. Потребен им е само бројот на кредитната картичка.

Овие новини сепак се на пат да останат во минатото на 2016 година, бидејќи од почетокот на оваа година иновациите влегуваат во нова фаза. Веќе постои начин за гласовно порачување преку еден краток разговор со Siri или Alexa. И тука Амазон се лидери со нивното Amazon Echo (Alexa).

GPS уреди

Токму така. Трговците онлајн веќе почнаа да користат слични уреди за да се обезбеди целосна информираност на клиентите. Со овие уреди може да се проследи наназад договорот од моментот во кој клиентот го притиснеал копчето "купувам " до испораката на неговата врата. Ако нарачате готова брза храна за дома и сакаш да знаеш дали сеуште е во рерната или испораката е пред вратата, тогаш GPS-от сигнализира за сето тоа.

Референци во виртуелната реалност

Трговците почнуваат да мислат "out-of-the-box " во секој поглед. Нудат се повеќе неверојатни и примамиливи интереси "добивки " кон процесот на шопинг. Неодамна се раѓа уште еден тренд, кој сигурно ќе го привлече интересот на корисниците. Имено станува збор за виртуелизирање на продавниците. Ова му овозможува на клиентот да навлезе во една поинаква, виртуелна средина во која тој дури би можел да проба облека без да се преоблекува. Како функционира ова - 2017 година претстои да ни открие.

Со многу нови практики ни претстои да се соочуваме во периодот што следи. Важно е сепак да не пристапуваме емоционално и да не избрзуваме со набавките, воодушевени од некој последователен трговски трик. Во моментите на импулсивно купување цената нема толкаво значење. Но нејзиното значење многу често доаѓа отпосле.

Повеќе новости
Претходно Велигден ВО СВЕТОТ
10.04.2017

Воскресението Христово е еден прекрасен празник како за православните христијани, така и за католиците.

Види повеќе
Следно Пролетено реновирање - идеи, инспирации и олеснувања
24.04.2017

Пролетта е насекаде околку нас, се’ е поживо и посвежо. И бидејќи ова е најпогодната сезона за поправки или освежување на домот, време е да ...

Види повеќе