Пет години успех – Приказната за М КЕШ

02.10.2023

Колку и да бевме сигурни во успехот на „продавниците за пари“ на М КЕШ кои ги отворивме во Македонија на 1ви Октомври 2018 година, не можевме да го прикриеме задоволството од брзиот развој на друштвото. Иако на самиот почеток се соочивме со многу предизвици, пет години подоцна М КЕШ е синоним за стабилност, доверба и практичност во брзите кредити.

Првите „продавници за пари“ М КЕШ ги отвори во Скопје, Штип, Струмица и Куманово, со што од самиот почеток се заложивме дека развојот на „продавниците за пари“ на друштвото ќе бидат не само места за обезбедување на финансиски услуги, туку и места каде што клиентите ќе можат да добијат поддршка, почит, разбирање и совет.

Пет години подоцна, секој на кој му се потребни дополнителни финансиски средства за да ги оствари своите планови и соништа, може да не најде дури во 48 „продавници за пари“ распространети на територијата на цела Македонија. Но не само бројот на „продавници за пари“  и реализирани проекти се клучни за развојот на едно друштво, еден од најсилните показатели за успех е и лојалноста на колегите кои се со нас од самиот почеток.

Меѓу првите кои веруваа во мисијата на М КЕШ, а веруваат и денес со што привлекуваат и други да се приклучат на тимот на М КЕШ се и Александра Мишевска, Бојана Стојановска, Драгица Џонова и Стефан Каранфилов, на кои искрено им благодариме за времето поминато со нас, искуство и одговорност кон иднината на друштвото. Дополнително, им благодариме и на сите останати кои низ годините беа и уште се составен дел од успешната приказна на М КЕШ. Со нетрпение ги очекуваме предизвиците кои следат заедно со можностите за професионален раст и развој додека продолжуваме да сме поддршка на нашите клиенти кои имаат потреба од брзо, лесно и комфорно финансиско решение.

Повеќе новости
Претходно “Дај си 5-ка“ е твојата шанса до 5 000 денари СЕКОЈА НЕДЕЛА!
01.09.2023

Дали си спремен за 5-ка? Бидејки ние сме!

Види повеќе
Следно "Од скромни почетоци до големи достигнувања: Мојот живот во М КЕШ"
11.10.2023

Интервју со Драгица Џонова - регионален менаџер за продажба во М КЕШ

Види повеќе