Како да го прилагодиме нашиот буџет според расхдите за време на летниот период?

27.08.2018

Како што знаеме сите добро, летото е сезона за одмор, добро расположение и различни емоции и искуства.Престојот на плажа, патувањата до непознати дестинации, дружење со пријателите - се активности кои ги практикуваме за време на летниот период од годината. Сигурно животот е подобар и полесен во текот на летото. Но, како тоа влијае на нашиот личен буџет? Секако дека некои од работите што ги наведовме овде повлекуваат значителни трошоци. И кога ќе заврши летниот одмор и се враќаме на секојдневните активности,често сме во црвена зона (или барем во неповолна од финансиска гледна точка ситуација). Дали ви се случило истотo? Ако одговорот е позитивен, тогаш овој текст е токму за вас. Во следните редови ќе ви дадеме неколку корисни совети, кои имаат за цел да ви помогнат да ги стабилизирате своите финансии на најбрз начин по летниот одмор.


1. Без паника - паника и самообвинување е една од најголемите грешки кои можете да направите во такви моменти. Немојте да бидете премногу сурова кон себе - сепак летниот одмор е практично единствениот период од годината, во кој можете навистина да се ослободите, да заборавите за грижите и едноставно да се забавувате. Животот е само еден и треба да се проживее целосно, нели? Значи Избегнувајте да подлегнувате на стресот и депресивните состојби, бидејќи тие нема да ви помогнат со апсолутно ништо. Наместо тоа направете преглед на тоа што точно влијае негатвно на вашиот буџет и размилсувајте за мерките кои ќе ви помогнат во надминување на кризната финансиска состојба.


2. Направете план по кој ќе дејствувате - користете го викендот да седнете дома и спокојно да направите план за стабилизирање на личните финансии.Разгледајте ги сите трошоци кои настанела за време на летото - сигурно се појавиле многу дополнителни потреби во оваа област.Но сега кога се враќате на секојдневието треба да ги елиминирате дополнителните потреби. Направете проценка за тоа кои трошоци може да ги намалите. Размислете и за различни активности кои ќе ви помогнат да реализирате некој дополнителен приход (продажба на стари предмети, реализирање на одреден проектот).Така ќе направите балансирање на најдобар можен начин на приходите и расходите во месечниот буџет и ќе направите сериозен чекор кон подобрување на вашата финансиска состојба.


3. Одложете одредени дополнителни трошоци - во случајов зборуваме за трошоците, кои се за поправка и други слични активности. Во повеќето случаи тоа се активности кои не е потребно да се извршат веднаш и е можно да се одложат за неодредено време. Ако на пример планирате поправка на стан или пак на одделни соби , можете сосема спокојно да го оставите тоа за подоцнежниот период когавашата финасиска состојба ќе биде значително подобра, нели? Истото важи и за некои купувања кои во моментов не се од толку големо значење за твоето секојдневие. Затоа, минимизирајте го трошењето во критичниот период.


4. Започнете да штедите за следното лето - кога ќе застанете на нозе и финасиската состојба ќе се стабилизира,време е да обрнете внимание на тоа како лошата финасиска сосотојба да не се повтори. Јасно е дека следното лето повторно ќе бидете изложени на дополнителни трошоци (дури и да се минимални). Затоа размислете дали е можно во текот на годината да заштедите пари,како резерва за одредени ситуации. Понекогаш дури штедењето на мала количина средства може да е од голема корист, ако стане постојана навика. Обезбедете дополнителни средства за следното лето, за да можете да си поминете одлично, без да се грижите за финансиските последици од летниот период.

Ако сте се нашле во тешка состојба во текот на летото, можете да сметате на М Кеш. Максималната сума за која можете да аплицирате е до 70 000 денари, со рок на отплата до 12 месеци. Благодарение на тоа дополнително финансирање, ќе можете да застанете на нозе, без да мора да позајмеите пари од пријатели и роднини.

Повеќе новости
Претходно 5 знаци дека сте ја нашле вашата работа од соништата
27.08.2018

Многу луѓе чекаат да помине летото за да го ажурираат своето CV и да го разгледаат пазарот на трудот. Еве 5 знаци на совршена работа.

Види повеќе
Следно Омилени хоби: друштвени игри
27.08.2018

Игри од овој тип не им даваат само забавни и позитивни емоции на децата, туку им помагаат да ги развиваат своите знаења и вештини во различн...

Види повеќе