Mисиjа

Нашата мисија е да кредитираме одговорно и транспарентно, брзо и лесно. Да бидеме достапни за секој кој има потреба од кратки позајмици. 

Морал и етика

Ние ги цениме, почитуваме и ги разбираме нашите клиенти.

Одговорност

Ние ги даваме одговорно нашите кредити, според потребите и можностите на нашите клиенти согласно добиената лиценца од Министерство за финансии.

Транспарентност

Ние сме чесни и коректни со нашите колеги, клиенти и партнери.

Лојалност

Ние градиме долгорочни односи со нашите клиенти, засновани на доверба и меѓусебна подршка.

Таргет

Да обезбедиме максимално брза, лесна и достапна финансиска услуга.

Да станеме предпочитан кредитор за нашите корисници, кој нуди транспарентни, достапни и брзи онлајн кредити, обезбедени преку првокласни персонални и професионални услуги.

Да го направиме М Кеш возбудливо, инспиративно и наградувачко место, каде што луѓето ќе посакуваат да работат. Компанија, која ги цени и им дава можности на своите екипи и вработени и која се грижи за нивниот професионален развој.

Да бидеме почитуван и сигурен партнер кој ја врши дејноста на транспарентен, одговорен и етички начин.

Одговорно кредитирање

Во основата на етичкиот кодекс на М Кеш, стојат одговорноста, транспарентноста и почитта. Користењето на краткотрајните кредити е сериозна обврска, затоа се залагаме за користење на добрите практики и целосно се посветуваме на нашите клиенти.

Информираност и транспарентност

Се стремиме да изградиме индивидуални и сигурни врски со секој клиент. Ние сме отворени и искрени во односите со нашите клиенти, партнери и колеги. Нашите заеми се даваат со јасни и транспарентни услови.

Погодност

Аплицирањето за кредит и потпишувањето на договорот се вршат целосно онлајн. Услугите кои ги нудиме се удобни и олеснети за корисникот. М Кеш се залага за брзо одобрување и удобно добивање на износот.

Одговорност

Ние нудиме онлајн кредити почитувајќи ги потребите и можностите на нашите клиенти. Иднивидуално ги оценуваме можностите на секој корисник што поднел барање за онлајн кредит кај нас и го понудуваме најсоодветниот план според потребите.

Онлајн заем М Кеш е добро решение за тебе, ако

  • Имаш потреба од финансиски средства.
  • Сакаш да си дозволиш непланирано купување или да платиш непредвидена сметка.

Онлајн заем М Кеш НЕ е добро решение за тебе, ако

  • Сумата ти треба за период над 12 месеци.
  • Ти треба износ над 70 000 денари.

Пред да земеш кредит од М Кеш

  • Размили дали навистина имаш потреба од парите и процени ја точната сума.
  • Процени дали си во можност на време да го вратиш заемот.

Имаш одлучено да земеш заем

  • Прочитај ги детално условите на договорот, општите услови и одлучи дали ти одговараат.
  • Планирај го месечниот буџет внимателно за да можеш да го исплатиш заемот на време.

Ако не си во состојба да го вратиш заемот

  • Не земај кредит од други места за да ја исплатиш ратата, туку контактирај нé за заедно да го најдеме најдобро решение на проблемот.
  • Не го одложувај решавањето на проблемот и обиди се да го подобриш месечниот буџет за да ги намалиш трошоците.

Сведоштва

Тони В.
Како редовен клиент во М Кеш наjмногу сум задоволен од eкспедитивноста на компанијата: брзината, коректност од колегите во компанијата со комуникацијата што ја оставаруваат со клиентите и нивната професионалност.
Мирјана В.
Нема чекање по шалтери, нема потпишување на договори и љубезноста од страна на Вашите кол центар оператори и што навистина за 1 час се префрлуваат парите на сметка.
Сашка Д.
Јас како клиент во М кеш имам 4-ти кредит подигнато по ред презадоволна сум од професионалноста брзината и толеранцијата што ја дава М – Кеш кон своите клиенти ако во случај немам можност да извршам уплата.
Вера М.
Највеќе сум задоволна од брзината, љубезноста од страна на колегите покрај високите административни трошоци наjмногу ми се најдоа во пресрет за моето внуче за лекување и други потреби во два збора многу сум задоволна.
Боби С.
Јас како клиент сум презадовелен од професионалноста и брзината на разгледување на барањата за кредити во М Кеш и наjмногу од љубезноста на агентите во компанијата кон нивните клиенти.
Игор С.
Се добива кредит веднаш. Ми дојде во пресрет компанијата во тешка ситуација поврзана со здравствени проблеми.