Зависностите на 21-от век и колку се опасни истите

24.04.2017

Технологијата се развива со секој изминат ден и големите компании се натпреваруваат со што да го привлечат интересот на милијарди корисници. Онлајн просторот станува безограничувања и сега нуди еден цел нов свет, практичност и можности, од кој многу од нас не може да се одвојат. Социјалните медиуми презедоа огромен дел од нашето слободно време и комуникацијата неосетно се пренесува од вистинскиот живот кон мрежата. Сето ова води со себе до појавата на нов вид зависности. Такви, за кои не сме се сомневале и кои се многу поопасни отколку што изгледаат. Оваа зависност е многу тешко да се дијагностицира, бидејќи знаците обично изгледаат природен дел од секојдневниот живот на многу од луѓето, при што неможе да се забележи дека се во претерана доза. Голем број истражувања докажуваат дека при наведени во изјавата зависности, во мозокот се случуваат слични процеси, како при употреба на дрога.

Токму затоа е важно да разговараме за нив.

1. Зависност од социјалните мрежи.

Оваа зависност често може да не ја увидиме, бидејќи знаците и симптомите се тешки за констатирање. Сепак овој вид зависност е не помалку опасна од зависноста од некои супстанции и може да нанесе многу штета врз психата. Овој вид зависност влијае на луѓето од сите возрасти, но најлесно реагираат тинејџерите. Зависноста од социјалните мрежи остава трајни последици. Сигурно ќе се запрашате зошто?

Бидејќи социјалните мрежи ги поставуваат стандардите што е убаво, возбудливо и интересно. Желбата пак на корисниците на социјалните мрежи да се допаднат, да предизвикаат интерес или да импресионираат целосно непознати лица, води до измислување на лажни настани на ситуации. А зошто е тоа проблем? Бидејќи "украсувањето " на животот на овој начин може да ги натера другите да се чувствуваат неадекватни и депресивни. Тоа од своја страна може да влијае на нивната самодоверба и да ги натера да веруваат дека не го користат потенцијалот кој животот им го нуди. Така се доаѓа до еден затворен круг во кој секој се стреми да покажува на социјалните мрежи колку интересен и возбудлив живот живее преку објавување на измислени и непостоечки приказни. Да живееш во лага е исклучително штетно и има многу негативни последици врз психата. За многу од зависните од социјални мрежи животот почнува да се мери со бројот на лаjкови во мрежата. Ова резултира понекогаш и до лажно чувство на супериорност над останатите, испровоцирано од стекната популарност во социјалната мрежа.

Во прилог на последиците од овој вид зависност може да го додадеме сајбер криминалот и малтретирањето. Ова може да се изразува во објавување на пораки со цел малтретирање или понижувачки фотографии пример. Секој од нас може да стане несакана жртва на слични упади. Бидејќи на социјалната мрежа недостасува личната средба со човекот и реалната проценка за соговорникот.

И уште нешто - многу луѓе стануваат зависни од личност која си создаваат онлајн, а во реалноста тие се сосема различни.

2. Селфи зависност

Американската психијатриска асоцијација веќе официјално ја призна Селфи зависноста за ментална болест. Во превод на бугарски дефиницијата за тоа ментално растројство звучи вака: "опсесивно-компулсивна желба да се направи слики на самиот себе и да ги објавите на социјалните медиуми, како начин да се компензира недостатокот на самодоверба и да се пополни празнината од недостаток на интимност ". Оваа зависност е категоризирана во три нивоа: гранична, акутна и хронична.

Селфи зависноста веќе одзеде животот на голем број тинејџери кои во обид да направат најголемо, екстремно селфи, за да ги импресионираат познатите и непознатите. Познати се и други потресни случаи на тинејџери, жртви на селфи опсесија. Сличен е оној на 19 годишниот Дани Бауман, кој во обид да направи совршеното селфи поминал 6 месеци дома правејќи 200 селфија на ден. Конечно дошло и до неуспешен обид за самоубиство.

3. Зависност од интернет

Оваа зависност е во основата на сите наведени досега. Бидејќи без интернет не би имале социјални мрежи и селфито би биле ирелевантни. Еве накратко и со што се карактеризира таа.

Слично на другите две зависности, и во основата на оваа стои желбата на група луѓе преку виртуелната фантазија да направат контакт со вистински личности, со цел замена на реалните односи кои овие луѓе не се способни да создадат.

Предупредувачките сигнали за зависноста од интернет може да се:

  • Задлабочување во интернет (нетрперливост за следното логирање во мрежата)
  • Користење на интернет во се поголеми количини, поради неможност да се постигне задоволство.
  • Неуспешни напори за намалување на употребата на интернет.
  • Чувство за вознемиреност, раздразливост или дури депресија кај обидите за намалување на фреквенцијата на користење на интернет.
  • Промена на расположението при користење на интернет и искуство за избегнување од реалноста.
Повеќе новости
Претходно Пласман на врвот на онлајн платежните системи
24.04.2017

Решивме да направиме краток опис на најмногу користените и популарни системи за вршење на онлајн плаќања.

Види повеќе
Следно Како може online купувањето да биде побезбедно? /Дел 1/
06.06.2017

Сакаш да купуваш online и секогаш ги бараш најповолните зделки во интернет просторот? А дали знаеш како да купуваш правилно за да ги избегне...

Види повеќе