Справување со лични финансии по завршување на одморите

13.09.2017

Годишните одмори се периоди кои сите ги очекуваме со големо нетрпение. Тие се единственото време во годината кога навистина можеме да се ослободиме од стресот и целосно да се одмориме. Ние вообичаено ги планираме годишните одмори за да си поминеме најдобро што може. Ова вклучува многу активности - средби со пријателите, релаксирање од страна на брегот на морето, екскурзија во странство, шопинг, спортување и така натаму. Активности кои ни донесуваат пријатни моменти и емоции, но во исто време ги чинат многу наши лични финансии. На овој начин е можно веднаш по завршувањето на одморот, стресот повторно да се јави во поголема мера од кога било досега. За да го избегнеме тоа, ние треба внимателно да пристапиме кон нашите финансии во таков период и да поставиме план за нивно постепено закрепнување на вообичаените граници. Еве неколку совети кои можеме да ви ги дадеме за грижата за личните финансии по одморите:

1. Прегледајте ги сите направени трошоци
Првото нешто што треба да направите по завршувањето на одморот е да ги погледнете сите трошоци што сте ги направиле во текот на овој период. Погледнете колку од вашите заштеди ги потрошивте за вообичаените работи за време на вашиот одмор - храна, забава, сувенири и подароци. Ова ќе биде многу соодветна почетна точка за вас. Излегувајќи од неа, може да имате мали чекори да се насочите кон изготвување на план за исплата на сите долгови и акумулација на нови заштеди.

2. Изготвување на план за долг
Откако ќе бидете свесни за ситуацијата, треба да подготвите акционен план. Особено кога станува збор за нови долгови или плаќања што треба да ги направите. Веднаш по завршувањето на одморите состави прецизен и јасен во времето план за извршување на слични порамнувања. Така ќе можеме најдобро да процениме како точно да го распределиме месечниот буџет, дали ќе има потреба од некакво ограничување на трошоците, итн

3. Побарајте совет или помош
Во случај кога се наоѓаш во навистина отежната ситуација од финансиска гледна точка, нема да биде лошо да се свртите кон трети лица за совет или помош. Овие можат да бидат ваши роднини кои поминале низ слични периоди. Тие ќе ти кажат на кој начин успеале повторно да застанат на нозете и можеби искуството ќе ти послужи за пример. Другата опција е да побараме стручна помош од личен финансиски консултант. Откако ќе ја истражи конкретната ситуиација, твоите месечни примања, вообичаените трошоци и долгови за плаќање, еден професионалец е способен да ти даде најдобри совети за воведување на ред во личните финансии.

4. Најдете извори на дополнителен приход
Бидејќи во периодите околу одморите се прават најголемите трошоци, тогаш е вистинскиот момент да најдеш дополнителни извори на приходи, да ги пополнат дупките во семејниот или личниот буџет. Овие извори може да бидат многу различни. Си размислувал ли на пример колку стари и непотребни работи кои никој не ги користи, има во твојот домот? Добра идеја е да се обидете да ги продадете предметите за кои станува збор. Со голем број онлајн платформи за слични цели, сигурно ќе имате среќа. Значи од една страна ќе обезбедите повеќе простор дома, а од друга - ќе заработиш малку дополнителни финансиски средства кои ти се неопходни.
A ако немаш време да чекаш или пак немаш идеи за извори на дополнителни приходи може да се довериш на М Кеш и да ги пополнат дупките во буџетот со кредит кој ќе добиеш брзо и лесно. Така ќе застанеш на нозе брзо и ќе успееш да се вратиш кон вообичаениот ритам на живот наскоро.


5.Одложете ги поправките и големите купувања

Сепак, значителен износ на финансиски средства веројатно се потрошени на вашиот одмор. Ова во никој случај не е вистинско време за појава на други главни извори на трошоци. Ако сте планирале да вршите одредени поправки во домот или да купувате скапи предмети, подобро да ги одложите за подоцна. По одереден период кога ќе застанеш на нозе ќе можеш да си дозволиш слични трошоци, без тие да влијаат негативно врз личниот или семејниот буџет.

6. Започнете со заштеда за следниот одмор
И последно, но не и најмалку важно, совет за периодите кога веќе сте ги платиле своите долгови и го стабилизираа вашиот личен буџет по вашето отсуство. Потоа, всушност можете да дишете мирно и не грижете се за различните исплати. Но, ние не препорачуваме да се релаксирате и да се препуштите целосно на несовесно трошење. Напротив, добра идеја ќе биде навремено да почнете да штедите пари за вашето следно патување или одмор. Ова ќе ви ги обезбеди неопходните ресурси за големо искуство и ќе го избегнете ризикот повторно да бидете во алармнатна ситуација.

Справувањето со лични финансии по отсуството може да биде многу тешка задача. Ако сакате да застанете на нозе на најбрз и наједноставен начин, искористете ги можностите што ги нуди M Cash. Благодарение на овој флексибилен инструмент ќе ги добиеш веднаш потребните финансиски средства, за да го поминеш тешкиот период и да воспоставиш најдобар биланс во личниот буџет.

Повеќе новости
Претходно Kако да го подготвите детето за училиште?
31.08.2017

Вашата родителска одговорност е без разлика кое одделение ќе биде вашето дете, да креирате празнично расположение пред почетокот на новата у...

Види повеќе
Следно Финансиска еволуција кај човекот
13.09.2017

Секој од нас еволуирал финансиски во текот на годините и има изградено финансиска култура која му помага да го реализира својот живот како в...

Види повеќе