Совети за безбедно онлајн купување

01.02.2017

Електронското купување стана суштински дел од секојдневниот живот, иако некои од нас сеуште се соочуваат со стравот од безбедноста на електронските картички да не стигнат до трети лица. Гледано од страна, тоа воопшто не е мал проблем за дискусија. Во денешното динамично и преоптоварено секојдневие, електронското купување е најлесниот и најудобниот начин за нас доколку сакаме да купиме нешто, кои заедно со тоа нуди доволно предности за разлика од обичното купување. Поради тоа треба да сме свесни на каков начин можеме дополнително да се заштитиме додека сурфаме на Интернет во потраба по посакуваното.

Доколку ги применуваш долунаведените чекори за безбедно електронско купување - браво за тебе. Доколку не ги применуваш, запознај се за што се треба да внимаваш и што треба да правиш.

# 1 Дали си запознаен со е-продавницата од каде што сакаш да купуваш онлајн?

Пред да започнеш со онлајн купување запознај се добро со е-продавницата. Постојат е-продавници кои се доста познати и препознатливи. Важно е да се упознаеш со идентитетот на помалку познатите е-продавници, посебно оние кои не се поврзани со физички трговски објект. Во овој случај обрни внимание на името на фирмата, податоците на фирмата во трговскиот регистар, локацијата, информациите за контакт, кои треба да вклучуваат е-маил адреса на седиштето на фирмата, како и телефонски број.

#2 Побарај информации за репутацијата на е-продавницата и фирмата која стои зад него

Едно кратко истражување на услугата на конкретната е-продавница, секогаш е добредојдено! Провери ги коментарите од корисниците кои веќе имаат направено електронско купување со цел да ги согледате нивните ставови во врска со конкретната е-продавница. Барај слични информации на Facebook профилот или Google+, како критики, рејтинг и коментари. Големиот дел од коректните е-продавници, особено оние кои нудат техника, компјутери и друга електроника, овозможуваат да ги оцените услугите и нивните производи на нивната веб страна. Тоа е добар знак за коректност на кој може да му верувате.

Друг начин на кој може да го провериш односот на фирмата кон клиентите е да испратиш е-маил или да се јавиш на наведениот телефонски број за да поставиш прашања и да добиеш соодветни одговори.

#3 Пред да се одлучиш за електронско купување, провери како се врши електронското уплаќање, гаранциите и типот на испорака од конкретната е-продавница.

Секогаш проверувај дали има дополнитени трошоци и детали за евентуално електронско плаќање пред да почнеш со пополнување на деталите од електронската картичка. Некои работи на кои треба да обрнеш внимание:

1. Трошоци за пакување (амбалажа);

2. Трошоци за испорака;

3. Трошоци за монтажа;

4. Кога ќе биде наплатено? - по испорака или во моментот на купување;

5. Можност за следење на пратката;

6. Гаранција за дефекти и оштетувања;

7. Можност за враќање доколку производот не ги исполнува очекувањата;

8. Кој ги превзема трошоците за враќање на производот и како се враќа веќе платената сума.

Сите овие прашања се одличен пример за работите со кои треба да си свесен кога се работи за електронско купување. Добро е секогаш да се потсеќаш дека пазарот на електронското купување е високо конкурентен и доколку е-продавницата нема да одговори на сите твои барања, не значи дека нема да се најде друг кој ќе го направи тоа.

#4 Читај ја декларацијата за безбедност на веб сајтот на е-продавницата

Регуларните е-продавници, информациите што ги собираат од своите веб корисници ке ги објават на веб сајтот. Дознај дали фирмата ги користи твоите информации како на пример, да те информира за престојните попусти, промоции или ја дава на трети лица. Како заклучок, треба да процениш колку информации си подготвен да дадеш кога купуваш онлајн.

#5 Купувајте само од сигурни веб сајтови

Ако купувате онлајн, користете исклучиво т.н. “Secure sites ”.Откако ќе одлучиш да купуваш онлајн, провери дали трансакцијата и податоците од кредитната картичка ќе бидат обработени со заштитна шифрирана конекција. Најраспространета и најбезбедна форма на енкрипција е така познатата Secure Sockets Layer или накратко SSL. При SSLкриптирање, каде информациите се кршат на мали парчиња за да неможат да се прочитат. За да провериш дали е-продавницата користи SSLврска, погледни ги следните знаци:

1. Во зависност од прилагодувањата на прелистувачот кој го користите, можеш да добиеш порака дека влегуваш во заштитна средина.

2. Најчесто urlадресата на веб страната ќе се промени од “http ” на “https ”каде “s ”означува дека веб страната е сигурна и заштитена.

3. Покрај тоа, можете да проверите по знакот на затвореното катанче кое се наоѓа до url адресата на веб сајтот, кое претставува индикација за безбедноста на веб сајтот. Имајте на ум дека ако катанчето е отворено, тогаш веб сајтот не е безбеден.

За да бидеш сигурен кога купуваш онлајн, нема подобар избор од тоа да ризикуваш и да се надеваш дека ќе наидеш на сигурен веб сајт (е-продавница). Научи да купуваш безбедно онлајн доколку ги употребуваш основните чекори опишани во оваа статија.

Повеќе новости
Претходно Правилото 50/20/30 или како да се научиме да штедиме
01.02.2017

И покрај изобилството од искушенија кои не демнат на интернет, телевизија и билборд реклами, штедењето е можно.

Види повеќе
Следно 8 одлични идеи за саканата жена за 8 март
02.03.2017

Што би бил машкиот свет без саканите жени и нивно посебно присуство?

Види повеќе