4 ситуации кога кредит е “разумна“ одлука

06.03.2019

Можеби сме сонувале дека би било идеално да добиеме пари на лото, за да нема потреба да позајмуваме. Но, во вистинскиот живот, најчеста ситуација е да немаме доволно за мали, големи, важни и нетолку битни работи и поради тоа да користиме кредит. И покрај сите убедувања дека позајмувањето треба да се избегне комплетно, всушност, доколку тие бидат употребени паметно, може да ни помогнат во остварување на одредени планови.

Прашањето гласи - Во какви ситуации “користењето на кредит “ е користно?

... Кога можеш да си дозволиш.

Можеби звучи “банално “, близу до здрав разум, но во многу случаеви луѓето, поради важна ситуација или поради лоша проценка, не го следат тој принцип и подигаат кредит, чија отплата сериозно ќе ги оштети. Не е паметно да се залажуваме себеси, дека ќе изнајдеме начин како да го зголемиме приходот (и покрај тоа што имате идеја) и дека тогаш би ги исплатите сите своите долгови.

Како да се избегне “лошата проценка “ ? Првенствено, имајте на страна фонд за ненадејни случаеви, кој ќе биде ваш личен финансиски извор. Второ, изгответе прецизен месечен буџет и придржувајте се до него. На овој начин ќе бидете свесни за вашите трошоци и обврски. Ке имате увид дали домашниот приход (после одбиените даноци, кредити, месечни трошоци) е доволен за да ги покрие евентуалните рати и да може плус да ставите дел во фондот за штедење.

Запрашајте се себеси, дали е навистина вредно да се земе кредит само за да се покаже пред другите висок стандард на живот.

... Доколку ви е потребен за нешто навистина значајно, особено за вас.

Земањето на кредит, најчесто значи откажување од финансиски комфорт за одредено време, кој може да биде краток или долг временски период. Ова би имало полза доколку со парите купите нешто што ќе ви донесе идни бенефиции (приход) или ќе ви заштеди на повисоки трошоци или време. На пример, новите прозорци би ви заштедиле пари за струја, новиот компјутер ќе ви ја подобри работата и ќе ви овозможи подобра платена работа.

.... Кога брзо ќе можеш да го исплатиш.

Доколку очекувате сигурни пари во блиската иднина - бонус, продавање на имот и сл. Но, во моментот, ви е потребен одреден износ за нешто што ви е неопходно. Во овој случај, разбирливо е да се користи позајмица. Но требате да бидете свестни дека доколку условите се променат, колку ќе кошта таа позајмица.

Доколку имате услови да ја вратите позајмицата за кратко време 15/30 дена - неколку месеци, постојат финансиски институции кои ќе ви овозможат исплаќање на истиот без камата. Во овој случај, не заборавајте доколку не успеете да го исплатите износот во одреденото време, ќе следат нормалните предвидени камати.

Барајте промоции кои се корисни за вас, како на пример нашата М Кеш понуда “Кредит за нови корисници, до 12.000 денари без камата “ кој што овозможува на сите нови корисници до 12.000 денари износ, во период од 30 дена, со целосна слобода да ја променат својата одлука или да ги употребат парите за нешто неопходно и да ги вратат во тој период позајмените пари, но без камата. Доколку вам ви е потребен таков кредит, аплицирајте тука.

.... Кога каматата на позајмицата е ниска, од профитабилноста на вашата инвестиција.

Постојат ситуации како следната... Потребни ви се пари и всушност ги имате - се што треба да направите е да ја продадете вашата инвестиција. Но дали е вредно, доколку нивната профитабилност е 12% годишно, а каматата на заемот е 6%?

Повеќе новости
Претходно Буџет за мрзливи луѓе
27.02.2019

Ако сте меѓу луѓето кои си поставуваат слични прашања на крајот на месецот (а и понекогаш доста пред тоа) е јасно дека е крајно време да се ...

Види повеќе
Следно 5 златни правила, кога позајмувате пари на блиски
10.03.2019

Во потполност е подразбирлива потребата да се помогне на роднина или пријател. Прашањето е како да се сочуваме од разочарување или финансиск...

Види повеќе