Што се брзите кредити?

03.08.2016

Брзите кредити се моментално решение за твоите краткотрајни финансиски потешкотии. Тие се дизајнирани за кратки временски периоди и не се препорачливи за долгорочна употреба. Брзите кредити треба да ги користиш само доколку знаеш дека можеш да ги исплатиш на време.

Нивната главна намена е да ти помогнат во справувањето со непредвидливи ситуации, најчесто кога до твојата плата има неколку дена, а проблемот бара решение во најбрзо можно време. За разлика од традиционалните кредити кои се земаат на повеќе години, брзите кредити најчесто траат неколку седмици.

Бидејќи нивната намена е решение на краткорочни проблеми, како дупка во буџетот, понудените суми се многу пониски од банкарските кредити, овозможувајќи ти исплата во најкраток период. Најчесто позајмуваните суми се движат од 6 000 до 9 000 денари, со рок на исплата до 30 дена. Ова посочува дека навистина кредитите се користат за краткорочни и непредвидени трошоци.

Исто така, брзите кредити не бараат никаква гаранција од тебе, како на пример жиранти, правејќи ги многу подостапни од другите решенија. Но, самиот недостиг на гаранција налага повисоки камати заради зголемениот ризик.

На прв поглед, брзите кредити изгледаат како многу скапи, но тие не се толку различни од традиционалните кредитни линии - Се додека редовно се исплаќаат.

Ние ти нудиме од 13 000 до 70 000 денари со рок на исплата од 3 до 12 месеци, во зависност од избраната сума.

Повеќе новости
Претходно Победници во играта Погоди го зборот и заработи со М Кеш
26.12.2017

На 22-ти декември 2017 г. М Кеш имаше извлекување, на коешто се извлечени 10 добитници во играта 'Погоди го зборот и заработи со М Кеш' . ...

Види повеќе
Следно Зошто би земал брз кредит?
03.08.2016

Брзите кредити можат да ти се најдат во многу непредвидливи ситуации кога имаш потреба од пари веднаш... А тие се доста чести.

Види повеќе