Што да правите ако летниот одмор се приближува, а сеуште не сте заштедиле пари за истиот?

14.08.2017

Лето е. Време за одмор и долги емоционални патувања.

И тука се јавува едно важно прашање: Можеш ли да впишеш во својот финансиски годишен план и графа годишен одмор или се пушти како автопилот?

Ако не сте успеале да заштедите пари за долго очекуваниот летен одмор, тоа може да се покаже како предизвик за реализирање. Но, добрата вест е дека секогаш може да прибегнеш до резервен план, наместо да се откажеш од одморот поради недостиг на финансиски средства.

Сигурно се прашувате како може да се реши финансиското прашање за летнот одмор. Опциите мора да се сведат на три:

1. Почнете да штедите ВЕДНАШ под наслов "Мојот одмор "

Треба да сте брзи и да превземате радикални промени, особено ако нема време и одморот се приближува:

  • Заштеда на шопинг и на храна, без да го наруши квалитетот на живот. Купувајте еднаш неделно, направете попис на прехранбените производи, одете со списоци во продавниците и не заборавајте дека не е момент за импулсивни купувања.
  • Подготовка ручек дома. Повкусен, похранлив и буџетски.
  • Редиуцирај ги излегувањата и буџетот наменет за активностите во слободно време.
  • Направи приоритетна листа на расходите и прави расход само за она што е неопходно.
  • Секоја вечер собирајте ги останатите средства од дневниот буџет за фондот "Мојот одмор ".

Напомнувајте си на секој начин , дека сега не е моментот за импулсивни купувања и расипничкото трошење. Сега е време да се редуцираат трошоците на минимум и да се зголемат средствата во фондот "Мојот одмор ".

За да се мотивирате, можете да си направите налепница "Мојот одмор " и да ја ставите во вашиот паричник, на smartphone или на вашиот компјутер. Дополнителна креативност никогаш не е на одмет. Можете да ставите пејзаж на некоја омилена дестинација, кој ќе ви помогне да не трошите без потреба.

Кога сте мотивирани доволно, работите ќе се случуваат со поголема леснотија и брзина.

Ако имате малку повеќе време до одморот, опција е да се направи депозит "Мојот одмор ". Тоа е начинот да не се трошат заштедените пари, освен ако имате некоја нужна потреба. Да земете од депозитот е секогаш потешко затоа шансите да заштедите ќе бидат минимални. Доплнувајте го постојано - до моментот во којќе се упатите на одмор.

2. Барај дополнителни приходи.

Кредит - размислете ги одговорно и сериозно можностите за кредит, баратеј проактивни решенија. Не е потребно да ги менувате плановите или да го откажувате ненадејниот предлог за викенд на море. Земете кредит од М Кеш и патувајте, бидејќи "Човекот е човек тогаш кога е на пат! ".

Дополнителни приходи - Размислете за сите можни опции за дополнителни приходи и насочете се кон најбрзиот.

  • Дополнителни извори на финансии можат да ви донесат вашите вештини - владеете странски јазици, имате хоби, имате вештини да пишувате, да помагате на луѓето и можете да ги реализирате преку краткорочни обврски.
  • Пасивни приходи - имате слободни соби за привремено изнајмување, имате машини и предмети кои можете да ги изнајмувате. Можностите се многу.
  • Направете распродажба на непотребените за тебе предмети во онлајн платформите, во името на новите и убави искуства и вашиот одмор.

3. Барајте ниско буџетни опции за одмор.

Ако сеуште не сте резервирале и не сте го уплатиле својот летен одмор, тоа не значи да се откажете од него поради високите цени во екот на сезоната. Постои начин да си поминете чудесно и со мал буџет.Еве неколку совети:

  • Избор на дестинација и сместување:
    • Нискобуџетен одмор во бунгалов или куќа за изнајмување со ноќен оган, ноќно капење на месечината и семејни забави на плажа можеби ќе ви се допаднат повеќе отколку тишината на хотелот со пет ѕвезди и задолжителните правила на хотелот.
    • Постојат многу хотели со помалку звезди, но со добра услуга, како и приватни куќи кои нудат услуги како во хотел. Рејтингот во онлајн платформите и коментарите оставени таму од посетителите можат да ве ориентираат прекрасно во ситуацијата.
    • Апартманите за изнајмување од реномирани онлајн платформи со рејтинг систем се исто така добра алтернатива
  • Избор на сезона - на море во рана есен не е толку лошо. Се разбира има ризик дали времето ќе биде сончево, но пак за сметка на тоа цените се доста пониски и спокојствота во одморалиштата се доста големи предности на овој период.
  • Транспорт
    • Ако сте решиле да патувате надвор од земјата купете авионски билети од ниско буџетни авиокомпании. Тоа може значително да го намали буџетот.
    • Ако , пак патувате со автомобил, може да најдете начин да патувате со оптимален број во вашиот автомобил, со кои ќе ги делите транспортните трошоци.

И бидејќи парите за време на одмор заминуваат како ветрот, не заборавајте некои основни работи:

  • Земете со себе пари колку што сте планирале.
  • Забавувајте се, но во рамките на планираниот буџет.
  • Подобро комплетен одмор за помалку денови отколку подолга пауза придружена со мачна заштеда.

Ако сепак сте одлучиле дека заслужувате да се одморите без да си ставате сопирачки за што и да е, не е за занемарување варијантата да земете кредит. Така ќе располагате со резервни средства за секоја ваш каприц.

Е, работите веќе се под контрола - имате неколку опции за спасување на летниот одмор, остануваат пераи, појасот, маслото за пријатен тен, шапката и пријатните искуства. Комплетирани напред кон одморот!

Повеќе новости
Претходно Фазите во изградбата на финансиска култура кај децата според нивната возраст
19.07.2017

Кои се најважните вештини и навики според возраста на децата, како се гради потребната финансиска култура за време на растењето на децата?

Види повеќе
Следно Што може да ти го подобри кредитниот рејтинг?
14.08.2017

Знаеме дека одличниот кредитен рејтинг може да го направи нашиот живот полесен и пријатен.

Види повеќе