Летно Реновирање: како да заштедите време и пари

01.05.2019

Летото е време за одмор, но и време за реновирање-поправка. Претстојните поправки секогаш се сериозен предизвик - и тоа не само во финансиски план ... Само присетете се на препирањата со сопругот за плочките во купатилото.

Вистината е дека дури и ситни поправки бараат добро планирање и точност во реализацијата. Ова ќе заштеди пари и нерви.

3 насоки за планирање: активности, пари и време

1. Треба точно да знаете што сакате да направите во вашиот дом, поточно да подготвите план. Потоа држете се до тоа - немојте да бидете во искушение да додадете дополнителни, непланирни поправки. Инаку, вашата поправка нема да заврши во догледна иднина.

во прелиминарниот буџет, и како да го "зголемите ", наместо да го "испразните "

3. Важно е да имате повеќе слободно време за поправка. Дури и да имате мајстори, Вашето присуство е потребно - за надзор и контрола, за одобрување на работата и сл.

Реализација

до ангажирање на бројни мајстори и надзор на истите до ангажирање на фирма која ќе ги организира и раководи поправките.

Секоја од овие варијанти има свои предности и недостатоци. Но, доколку мислите за деталите околу реновирањето - избор на материјали, обиколка по продавниците и купување, изборот на мајстори (на различни), расправија со мајсторите, надгледувањето, исфрлање на шутот, чистење после сето тоа - ве води до очај, ќе останете без одмор на море, тогаш третата опција е подобра за вас.

Ангажирање на фирма за да ја завршат целата работа околу реновирањето, е услуга која се здобива со популарност во Македонија - таа може да ви спаси време и нерви, а и во крајна линија, пари.

Вие не мора нужно да го реновирате целото живеалиште. Наместо сам, аматерски, да обиколувате и да изберете материјали, потоа да барате мајстори - нарачајте комплетна услуга. Контактирајте професионалци кои се вклучени во управувањето со поправки.

Директорот на фирмата, обично инженер, ќе го посети вашиот дом. Ќе му објасните што сакате и тој ќе ви предложи соодветни решенија и видови на материјали за истомениот проект. Директорот ќе ангажира мајстори - различни специјалисти - едниот ќе смени ел.инсталација, другиот ќе го монтира паркетот, додека третиот ќе бојадиса. Директорот ќе ја раководи целата работа на одвивање на поправката, вклучувајќи и пакување и преместување на мебелот, изнесување на ѓубрето и чистење после реновирањето.

Компанијата за реновирање исто така може да понуди решенија за дизајн или редизајн. Тоа се релативно нови услуги во сферата на внатрешен дизајн, која стана популарна како резултат на економската криза и накратко кажано овозможува да го надградите вашиот дом со малку инвестиции.

Комплексната поправка , се разбира, се плаќа - одреден % над цените кои ќе им исплати на мајсторите, ако вие сами ги ангажирате, но во крајна линија може да ви излезе поефтино да им верувате на професионалци, отколку вие сам да бидете менаџер за поправки.

Односно, нашиот совет е, оставете професионалци да ги направат поправките, оставете им го клучот и одете на море.

П.С. Авторот на овој материјал направи токму така - ангажираше фирма за реновирање на својот стан и отиде на одмор. Таа беше пријатно изненадена кога се врати од одморот и најде вистински нов дом.

Повеќе новости
Претходно Треба ли да купам злато?
01.05.2019

Во минатото иако императорите правеле монети од злато и сребро, вредност имал и самиот метал. И поради оваа причина, историски, цената на зл...

Види повеќе
Следно Буџет за четири свадби и еден погреб
01.01.1970

Филмот \"Четири свадби и погреб\" е миленик на неколку генерации, и една од причините е тоа што ни покажува живот како што е - низа радосни ...

Види повеќе