Одлична идеја - Како од балконот да направите удобен простор за есенско уживање

03.10.2019

Овогодишната есен нè изненади со топли денови, и сите се радуваме поради тоа. Сонцето ни дозволи да поминуваме повеќе време на балконите, уживајќи со себе или со најблиските. Па, ако сакате и вие да ги искористите преостанатите топли денови на есента, тогаш погледнете ја оваа одлична идеја за декорирање на балконот.

Во десниот агол на балконот има мал кауч, изграден од палети и декоративни перници, како и ќебенце што одлично доаѓа кога навечер ќе залади. Во вечерните часови, исто така, најмногу доаѓаат до израз и светилките што создаваат навистина романтична атмосфера. На другиот крај од балконот пак, има мала дрвена маса за попладневно кафе или вечерно вино.

Но, она што особено му дава есенски акцент на ова уредување, се различните видови тиквички, што се искористени како основна декорација и се наоѓаат насекаде низ балконот. Растенијата се исто така одлично одбрани и наредени, па кога ќе уживате на удобниот кауч, ќе ви изгледа како да сте во природа, некаде далеку од цивилизацијата.

Овој мал балкон е доказ дека не е потребна големина или многу пари за да создадеме удобност во сопствениот дом. Сè што ви треба е малку слободно време во комбинација со креативност и ќе создадете нешто во што сите ваши најблиски можат да уживаат. Епа ајде, не чекајте овие прекрасни денови туку-така да поминат - средете го балконот и уживајте во него!

Повеќе новости
Претходно Како да израснете внатрешно мотивирани деца
25.09.2019

Колку добро би било децата да прават сé што треба, а да не побарате од нив. Сите знаеме дека тоа не е возможно бидејќи децата не се така про...

Види повеќе
Следно 5-те најдобри книги за медитација за почетници и искусни
25.10.2019

Пред 20 години било навистина тешко да најдете какви било извори за медитацијата. Но, денес можете да се вклучите на Интернет и да најдете и...

Види повеќе