Бесплатна вечера со Метални Денарчиња

01.05.2019

. Не, не станува збор да ги земете паричките од касата на своето дете. Подобро, направете своја :)

- како функционира?

Всушност, ова е многу популарен и лесен метод за релативно мали (за џеб) заштеди и се состои од следното:

• Направете ја вашата касичка (од кутија, тегла или што сакате). Од психолошка гледна точка подобро е да се биде транспарентен. Ова ќе ви овозможи да го следите растот на вашите заштеди.

• Секоја вечер собирајте ги денарчињата што ви останале од тој ден од шопинг, кусур од пазарување, од паричникот, од џебовите и ставете ги во касичката.

• Дали ќе броите колку парички ставате секој ден во касичката е ваш избор. Ве советуваме да не се продлабочувате во пресметката.

со текот на времето станува навика.

Вистината е дека нема да се збогатите :) Нашите набљудувања покажуваат дека со овој метод може да се заштедат суми од редот на 500-3000 денари месечно во зависност од индивидуалната финансиска ситуација и дисциплината кон оваа навика. А исто така зависи и од начинот на кој плаќате, доколку пазарувате со кеш ќе ви остануваат денарчиња.

е главната психолошка предност на овој метод.

Дали некогаш ви се случило во гардеробата која не ја носите често да најдете пари? Чувството е како освојување на лотарија ... претежно тоа се мали суми. И ако размислите за тоа, тоа се вашите пари ....

е бидејќи овој начин на штедење е неосетен за вашиот џеб...

Не ги потценувајте малите суми :)

Прашањето за вечера за саканата е сеуште проблем, бидејќи сте собрале само околу 600 денари. Вие не треба да бидете разочарани, туку погледнете наоколу - претежно на интернет. Постојат многу сајтови кои нудат услуги со големи попусти.

Повеќе новости
Претходно Бесплатна вечера со заштедени паричиња
01.05.2019

Ова е многу популарен и лесен метод за релативно мали (за џеб) заштеди

Види повеќе
Следно Буџет за двојки
01.05.2019

Буџетот на една двојка би требало да го запази истиот рецепт како и личниот буџет - внимателно следете ги расходите и приходите и не трошете...

Види повеќе