Кој е новиот креативен партнер на М Кеш?

08.02.2021

Популарната македонска медиумска личност позната по многубројни тв проекти Жарко Димитриоски е новото заштитно лице на М Кеш Македонија. Тој е автор и извршен продуцент на познатото шоу “Еден на Еден“ и креативен директор во истоимената маркетинг агенција. Жаре едноставно плени со својот начин на хумор и допира до секаков тип на аудиториум. Агенцијата ја избравме за главен партнер за комуникација врз основа на интересниот поглед на бизнисот и различното гледиште прикажано во нивниот стратешки предлог.

  Амбицијата да го продолжиме нашиот раст ја надополнивме со партнер за комуникација, кој гледа подалеку од стандардната рекламна кампања и се фокусира на деловните предизвици. Ние веруваме дека ефективната имплементација на предложените идеи ќе влијае врз нашите деловни резултати. Среќни сме што ќе работиме заедно оваа година  и убедени сме дека ова ќе биде успешно партнерство за двете страни.

   За нас како компанија е значајно тоа што го имавме замислено како идеја, сега е реализирано како готова кампања која штотуку започна а ќе трае до крајот на годината. Презентацијата на нашите услуги е прикажана преку ТВ спот со Жаре, под мотото “Ем први, Ем брзи, Eм најдобри“. 

М Кеш го цени времето на клиентите и затоа потребата да бидеме поблиску до вас ни овозможува да бидеме уште подостапни со нашите услуги и да ги задоволиме вашите барања. Посетете не во 29 филијали ширум државата, аплицирајте онлајн од комодитетот на вашиот дом или преку асистенција на Mобилен кредитен консултант преземете ги паричните средства од посакуваната локација. 

Повеќе новости
Претходно 4 совети кои ќе ви помогнат да управувате со вашиот личен заем
04.02.2021

Личниот заем може да биде еден од најдобрите начини да се ослободите од финансиските тешкотии доколку управувате одговорно. Следните совети...

Види повеќе