Како може online купувањето да биде побезбедно? /Дел 1/

06.06.2017

Сакаш да купуваш online и секогаш ги бараш најповолните зделки во интернет просторот? А дали знаеш како да купуваш правилно за да ги избегнеш злоупотребите на интернет?

Во овој материјал целта ни е да ги собереме на едно место, сите важни совети за безбедно online купување. Не зборавај, дека никогаш не е излишно да се потсетуваме кои се најдобрите практики за безбедност во интернет просторот. Токму затоа, подготвивме материјал кој ќе ве запознае со најдобрите тактики за online купувањето кои ќе ти ги заштеди многубројните главоболки. Вклучи ги во секојдневните навики, како би си осигурале мирно сурфање на online продавници. Запомни дека со купување на промотивни производи и услуги секогаш може да биде забавно и можност за паметно купување. Склучувањето на добра зделка не се состои само во пронаоѓањето на најниската цена, туку гаранција, квалитетна услуга, достава во договорениот рок, сигурен трговец со строги правила за заштита и нивно почитување, како и соработка од страна на online продавниците се клучните индикатори за вистинско преговарување.

Ти претставуваме неколку корисни совети со кои ќе бидеш свесен пред да почнеш со купување на призводи и услуги на интернет:

  • Осигурај се дека твојот мобилен уред има пазарен софтвер за заштита

Независно дали користете компјутер, паметен телефон или таблет за плаќање со кредитна картичка, тоа не значи занемарување на заштита од вируси кое е потребно да го имате на мобилниот уред.

  • Избегнувај финансиски трансакции додека си поврзан со јавна Wi-Fi мрежа

Треба да бидеш свесен дека бесплатните интернет мрежи со кој твојот мобилен уред ги поврзува разните места може да бидат многу небезбедни. Секоја информација која ја имаш внесено, а посебно ако ги содржи твоите лични податоци, можат да станат јавни и можат да се користат неправедно. Тоа е многу веројатно, со поврзување на јавната Wi-Fi мрежа нема да наидеш на никакви услови за заштита или информации за засегнатата Wi-Fi мрежа. Затоа, доколку твојот паметен телефон постојано е врзан со бесплатен интернет извор, немој да ги споделуваш твоите лични податоци, како лозинки и никако не врши плаќање.

Запаметете дека вашиот домашен компјутер е далеку со посигурен начин за online купување.

  • Најди затворено катанче пред веб адресата на wеб сајтот.

Никогаш не купувајте нешто онлајн од страница која нема затворено катанче пред веб адресата, тоа е знак дека информациите ќе бидат поделени, без разлика што се, а тоа не е безбедно.

  • Купувај од одредени и познати online продавници

Секако, овој услов не е задолжителен, меѓутоа се препорачува купување со кредитни картички, воглавно од најпопуларните и сигурни веб страни со изграден сигурен имиџ на online продавници. Како што веќе истакнавме, можеш да направиш листа на сигурни места со што ќе уштедиш време следејќи го патот со сурфање на Интернет.

Погледни ги останатите совети за безбедно online купување во нашиот следен член и направи поисплатлив и сигурен шопинг благодарение на нашите препораки.

Повеќе новости
Претходно Зависностите на 21-от век и колку се опасни истите
24.04.2017

Технологијата се развива со секој изминат ден и големите компании се натпреваруваат со што да го привлечат интересот на милијарди корисници.

Види повеќе
Следно Најди ги разликите! Како купуваат жените, а како мажите?
19.07.2017

Веќе на сите ни е јасно дека мажите и жените се од две различни планети.

Види повеќе