Како да ја подобриш твојата кредитна оцена?

03.08.2016

Како што знаеш, каматната стапка на кредитот што го земаш игра голема улога врз сумата што би ја должел за времетраењето на кредитот. Колку е подолго времето, толку е поголема сумата.

Како се одредува каматната стапка? Пазарот дефинитивно има најголемо влијание, но никој нема контрола врз него. Но затоа, имаш целосна контрола врз твојата кредитна оцена, која има значително влијание врз твојот живот.

Што е кредитна оцена?

Сите финансиски иснтитуции имаат пристап до твојата кредитна историја преку МКБ (Македонско Кредитно Биро), и врз база на повеќе параметри поврзани со неа, се креира оцена која ја рефлектира твојата кредитоспособност.

Причини кои можат да активираат проверка?

Секоја од следниве акции од твоја страна можат да, но не задолжително, активираат проверка на твојата кредитна историја.

  • Вработување.
  • Склучување на договор со мобилен оператор.
  • Вадење на осигурителна полиса.
  • Аплицирање за кредит.
  • Договарање на живеење под кирија.
  • Аплицирање за хипотека.
  • Аплицирање за кредитна картичка.
  • Отварање на банкарска сметка.
  • Купување на автомобил.

Од што се состои оцената?

Сите долунаведени фактори се комбинираат во комплексен алгоритам кој на крај дава оцена од 1 до 5, преку која може да се добие слика за твојата кредитоспособност.

  • Колку кредит ти е достапен?
  • Колку долго имаш банкарска сметка?
  • Кредитни линии во твоја сопственост.
  • Колку често аплицираш за кредит?
  • Колку редовно плаќаш рати?
  • Колку време си бил во задоцнување?
  • Колку време има поминато од твоето последно задоцнување?
  • Дали ги плакаш редовно и подеднакво сите линии на кредит?
  • Со колку личности си финансиски поврзан?
  • Осудуваност.
  • Поврзаност на измама со некоја од твоите сметки.

Како да ја подобрам?

Никогаш не пропуштај рата

Ова е можеби најважното правило од сите затоа што има огромно влијание врз оцената. Никогаш не давај причина за негативен допис до кредитното биро.

Задоцнети плаќања, присилна наплата, блокирање на сметка, активирање на хипотеки, судски пресуди, банкроти... Сево ова може да ти ја уништи кредитната оцена во наредните години.

Имај долга историја

Ова има голем уддел во оцената, и затоа е добро да имате што подолга историја на отплаќање кредити и кредитни картички. Многу е важно да не ги затварате овие кредитни линии затоа што имаат позитивно влијание на оцената преку одобрениот лимит, кој се додава на вкупниот износ. Многумина ја прават оваа грешка, и си го намалуваат лимитот, а воедно и оцената.

Во спротивно, доколку имаш кратка историја, која не е многу добра, би било добро да го отплатиш долгот што побрзо и во иднина да внимаваш повеќе.

Аплицирај што помалку пати за кредит

Секоја од претходно наведените причина активира проверка на твојата оцена и со тоа, има влијание врз истата. Секоја проверка сигнализира на можна причина за намалување на твојата кредитоспособност и затоа е идеално аплицирањето да биде сведено на минимум.

Не надминувај 30%

Потруди се салдото на твојата кредитна картична да не надмине 30% од лимитот на кредитната картичка. Како пример, доколку имате картичка со лимит до 60,000 денари, во ниеден момент не би требало да имате потрошено над 18,000 денари.

Банките го проверуваат салдото на крајот на секој месец, и доколку при проверка забележиш дека си го надминал лимитот од 30%, веднаш пробај да идеш под него или идеално, да го исплатиш целиот долг. Придржувањет кон ова правило значително би ја подобрила твојата кредитна оцена.

Провери дали има грешки

Често се случува лошата оцена да не до тебе. Грешки се случуваат, и затоа е препорачливо да се осигураш дека сите податоци се точни и ажурни во твојата кредитна историја.

Побарај извештај од МКБ (Македонско Кредитно Биро) и провери за нерегуларности во твоите лични податоци како име, презиме, адреса на живеење, лица финансиски поврзани со тебе, и било какви други сомнителни случувања.

Никогаш немој да бидеш жирант

Ако некој те праша дали сакаш да му бидеш жирант, тогаш со голема сигурност лицето било одбиено при апликација за кредит и бара некаква гаранција дека може да го отплати.

Таа гаранција си ти, и е исто како ти лично да си аплицирал за кредитот. Да, можеби на крај се би било во ред, но шансите да си ја уништиш кредитната оцена се огромни со прифаќањето на вакво ризично барање.

Повеќе новости
Претходно Дали брзите кредити се легални?
03.08.2016

Брзото кредитирање е доста контроверзно и постојано се асоцира со криминални активности. Ова е доста разбирливо бидејќи станува збор за прил...

Види повеќе
Следно 7 начини како да ги организирате вашите финансии
30.12.2016

Креирањето на добри финансиски навики кај самите нас може да ни биде само од корист, со цел полесно да избегнеме страсни ситуации од типот к...

Види повеќе