Како да ги намалите сметките во есенската сезона?

22.10.2021

Есента е веќе тука, со доаѓањето на ниските температури- доаѓаат и високите сметки во домаќинството. Една од главните причини зошто многу луѓе не ја сакаат студената сезона е токму тоа- високи сметки за плаќање на електрична енергија и двојно поголеми трошоци за греење.

Секогаш постојат трикови со кои можете да ги намалите сметките во студените денови и да ја регулирате потрошувачката енергија во домот. Во продолжение ви ги посочуваме советите и препораките со кои може да заштедите пари и електрична енергија:

Обрнете внимание на деталите

Дури и кога во домот во кој живеете има добра изолација и силни уреди за греење, тоа не е гаранција дека проблемот со потрошувачката енергија е решен. Всушност, топлината секогаш наоѓа начин да “избега“ од просториите низ малите отвори. И зедно со топлината оди и енергијата што се обидувате да ја зачувате. Токму затоа, за да ја намалите загубата на топлина во еден простор, осигурајте се дека ќе ги пополните малите места од каде што може да излезе топлиот воздух. Не заборавајте ги отворите под прозорците и вратите- ова се некои од главните “влезови“ на студениот воздух од надвор. Со користење на овие мали трикови ќе ја одржувате топлината дома и ќе го ограничите влегувањето на ладниот воздух.

Никогаш не е предоцна да направите изолација во вашиот дом

Ако немате посебен буџет за домашна излолација, никогаш не е предоцна да го сторите тоа. Дури и на почетокот на есента имајте на ум дека добро поставената изолација ќе обезбеди одржување на топлината во просториите и ќе претставува пречка за пробивање на студот. Изолација е одлична инвестиција за вашиот дом и во текот на летото. Запомнете, изолацијата ќе ве спаси со високи сметки за греење на долг рок. Доколку изолацијата ви претставува скапа инвестиција доверете се на М Кеш, брзо и лесно ќе ги добиете парите што ви се потребни за да го обезбедите најдоброто за вашето семејство.

Прилагодете ја употребата на топла вода

Покрај електричната енергија, употребата на вода исто така значително се зголемува за време на студените денови. Проверете ги сите протекувања, иако протокот може да биде мал и да не е значително, во пракса може да предизвика да изгубите повеќе литри вода што треба да ги платите. Други препораки се да ја стопирате водата додека миете заби и додека миете садови, не дозволувајте водата да тече постојано. Користете ја машината за садови и алишта само кога е полна. Туширајте се пократко.

Одберете кавлитетни прозори

Размислете да ги замените старите прозори со нови бидејќи тоа влијае на трошоците за енергија 70%.

Вложувајте во светилки кои се наменети за штедење таканаречени “штедливки“

Како што зимата се приближува деновите стануваат пократки, а тоа не тера да ги оставиме светилките вклучени подолго време. Со цел да не страда вашиот буџет од високи сметки за струја добра идеја е да набавите светилки за заштеда на енергија. Ве советуваме секогаш кога е можно да го замените стандардното светло со тоа што помалку троши. Покрај тоа што овие светилки траат подолго, иновативните LED сијалици  ќе ви заштедат доста пари.

Исклучете ги уредите што не ги користите

Лаптоп, полнач, смартфон се некои од основните работи кои често се вклучени во штекерот. Ако вашиот лаптоп е веќе со полна батерија нема потреба да биде вклучен во струја цел ден. Исто важи и за осветлувањето во домот- ходникот и бањата се дел од просториите во кои светлото нема потреба секогаш да е вклучено.

Користете иновативни апарати кои се програмирани за да заштедите помалку енергија.

Модерната опрема за бела техника е создадена за да заштеди енергија. Иако цената е повисока инвестицијата е повеќе од корисна со оглед на тоа што белата техника се користи најмалку десет години.

И покрај наведените препораки, сепак високата сметка за електрична енергија Ве изненади, имајте во предвид дека секогаш можете да се сметате на нашата услуга.

Им помогнавме на многумина, можеме да Ви помогнеме и Вам. Контактирајте не со доверба!

Повеќе новости
Претходно М Кеш- Твој финансиски пријател и поддршка
08.10.2021

Кој би ми позајмил пари? Често прашање присутно во главите на голем број граѓани кои се во финансиски проблеми. Во моменти кога сите ќе Ви с...

Види повеќе
Следно 8 финансиски цели што треба да ги постигнете пред вашите 40-ти години
28.10.2021

Животот во вашите 30 -ти години понекогаш може да изгледа хаотичен, малку неорганизиран, многу зафатен и всушност предизвикувачки (но нели с...

Види повеќе