7 Финансиски грешки кои вe cпречуваат да станете богати

18.03.2019

1. Трошите повеќе од што заработувате!

Звучи непромислено... но, доколку луѓето не ја прават оваа грешка, не би потпаѓале во финански проблем. Така да и ова се случува, ама не зачестено. Решение за ова е да се одржува реален буџет, да се има заштедено пари на страна и да се прави разлика помеѓу желби и потреби.

2. Купувате работи кои не ви се потребни!

Нештото што не ви е потребно е исто што и нешто што неможете да си го дозволите. Нема ништо погрешно да уживате во животот онака како што сакате. Проблемот настанува доколку тоа ја наруши финансиската состојба. Така да размислите подобро, пред да купите мобилен, последен модел само за да се пофалите пред пријателите.

3. Не сте свесни за својата финансиска ситуација!

Свесни сте дека имате проблем, но немате доволно енергија да откриете од каде потекнува проблемот. Ова се случува на многу луѓе, иако тие не го препознаваат тој фактор. Всушност, овој начин на однесување е доста познат како психолошки феномен и не се однесува само на финансиите. На пример, знаете дека во текот на празниците имате добиено на килажа, но немате енергија да се соочите со вистината, така што ја избегнувате вагата.

Единствен начин да ги прифатите финансиските проблеми е тој кога би се соочиле со нивното потекло. Првиот чекор е да направите пресметка помеѓу платата, трошоците и долговите кои ги имате.

4. Немате план и личен/фамилијарен буџет, па пресметките ги правите на памет.

Иако не искусувате финансиски проблеми во моментов, тој пристап спрема личните финансии подоцна ќе се одрази. Размислете добро дали е возможно сите приходи и расходи да ги водите на памет, сите оние мали и големи трошоци, и сите оние работи за кои што би требало да штедите. Не е доволно само да се запрашувате каде вашите пари исчезнуваат, поразумно би било доколку почнете да правите финансиско планирање.

5. Штедите само кога ќе имате повеќе пари!

Обично зборуваме дека ќе почнеме да штедиме пари кога ќе се стабилизираме финансиски, повеќе ке заработуваме, и ќе ги вратиме сите долгови. Одлагањето како пристап нема да ви овозможи финансиски успех. Еден од поуспешните начини е навистина да донесете одлука колку од платата автоматски ќе биде ставена на страна, на посебна сметка наменета за штедење/инвестирање.

6. Не сте финансиски осигурани од проблеми!

Верувате дека сте родени под среќна звезда, или сте одлучите дека немате екстра пари за осигурање. Но во реалноста, токму тие неочекувани лични проблеми, може да не доведат до финансиски пад.

7. Не се обидувате да го зголемите својот приход!

“Како да заштедам пари кога едвај успевам во месецот да платам се... ги имам намалено сите трошоци... “ - е често оправдување. Точно е дека трошоците имаат граница и можно е да се ужива во добар живот доколку не си дозволиме работи надвор од нашите основни потреби. Од таму произлегува дека попродуктивен пристап е да го зголемиме приходот. Многу луѓе ќе кажат дека е невозможно во нивната ситуација, или во нивната држава. Всушност, секогаш постојат можности, но треба да бидеме активни за да ги пронајдеме, дали со тоа што ќе ги зголемиме нашите квалификации, што ќе ни овозможи да најдеме подобро платена работна позиција, или со отварање на сопствен бизнис и ткн.

Единствена загуба би била доколку прифатиме дека не постои начин да се зголеми нашиот приход!

Повеќе новости
Претходно Тајните на соседот-милионер
18.03.2019

Зборот “Милионер“ обично асоцира на безгрижен живот, бродови, кавијар и дијаманти. Често читаме за овој тип на личности кои се супер богати.

Види повеќе
Следно Баба, дедо и внуче: 3 летни финансиски лекции
01.04.2019

Бабите се непроценлива предност за секое модерно македонско семејство - дури и не треба да даваме примери.

Види повеќе