Дали знаете кои се основни правила кога позајмуваме пари на блиски

05.02.2020

Најверојатно, на повеќето од вас ви се има случено да дадете пари или сте имале потреба да позајмите пари од блиски пријатели. Често таквите ситуации допринеле и до меѓусебни расправии и разбранување на пријателството. Токму поради тоа финансиските експерти советуваат да се избегнат тие ситуации и да се научиме да кажеме “Не ”. Сигурно до сега ја имате слушнато следната изрека " Доколку сакаш да изгубиш пријател, позајми му или побарај му пари! ".

Но, кога се работи за личности кои ги сакаме, тогаш емоциите знаат да се вмешаат. Во потполност е подразбирлива потребата да се помогне на роднина или пријател. Прашањето е како да се сочуваме од разочарување или финансиска загуба. Паметно е да се држиме до следните правила:

Позајми онолку колку што си спремен да изгубиш!

Прифати дека позајмувањето пари на блиска личност, носи со себе ризици и дека не постои гаранција дека ќе ги добиеш парите на време или во потполн износ. Затоа, доколку неможеш да одбиеш, внимателно предвиди максимален износ кој што можеш да си го дозволиш за заем. Исто така имајте во предвид дека губите пари кога давате големи заеми, иако ќе ви бидат вратени на време. Доколку тој износ го инвестирате, тој сигурно ќе биде поисплатлив.

Паметно одберете кому ќе позајмите!

Доколку позајмите пари на близок пријател кој што нема редовни приходи, изгубил работа, или се соочува со финасиски проблеми, треба да прифатите дека тие пари ги поклонувате. Во такви случаеви, имате две опции: да го прифатите фактот дека никогаш нема да ги видите парите или да кажете „Не “. Имајте исто така во предвид, дека со редовното позајмување пари, вие не правите услуга на вашиот пријател, туку ги стимулирате неговите неодговорни навики.

Разговарајте за вашата одлука со сопружникот

Не е добра идеја да се сокрива фактот дека сте позајмиле пари на вашиот близок роднина. Веројатноста дека вашиот партнер ќе дознае е голема и последиците за изгубена доверба ќе бидат доста непријатни. Затоа, пред да позајмите пари, особено доколку износот е висок, донесете ја таа одлука заедно со вашиот партнер.

Договорете јасни услови за враќање на парите!

“Ќе ги вратам парите најскоро што можам! “ не е јасно обврзување, зарем не? Без да се осеќате непријатно, договорете точен термин за враќањето на износот, или поставете план како тоа да биде безболно за двете страни. Добро е да знаете дека долгот спрема блиски пријатели или роднини, е помалку приоритетен од оној долг спрема финансиски институции, особено затоа што нема камата или пенали за неплатен долг.

Потпишете Договор за позајмица при поголем износ!

Висина на износот е доста важен... Кога ќе одлучите да позајмите повисок износ, од голема важност е да вашите пари бидат вратени. Ова може да се постигне со потпишување Договор за позајмица помеѓу двете страни, во кој точно ќе бидат наведени Правилата и Условите- износот, времетраење и начинот на исплата, камата (доколку е договорена) итн. Дополнителна сигурност би ви дало доколку договорот го потпишете на овластен Нотар. Друга можност е да се стави гаранција-хипотека во Договорот за позајмица, доколку другата страна не е во можност да го исплати долгот.

Сите овие дополнителни чекори би имале одреден трошок. Кога потпишувате Договор за позајмица, вие треба да платите адвокатски и нотарски трошоци. Особено високи се трошоците, кога за гаранција треба да се стави хипотека.

“Не давајте на сиромавиот рибар јадица, туку научето го како да лови “

За на крај, доколку вашиот роднина константно има финансиски проблеми, и се потпира на позајмици, наместо да му давате пари, помогнете му со менаџирањето на домашниот буџет. Заедно разгледајте ја можноста да го зголеми својот месечен приход, дали со дополнителна работа или слично. Знаеме дека нема да биде лесно, но вреди да се проба. Сите би се согласиле со следново “чиста сметка, долга љубов. “

Повеќе новости
Претходно Инвестирај во себе
03.02.2020

Најдобрата инвестиција е во образованието и квалификациите. Оваа инвестиција не губи вредност. Со текот на времето и може да ви донесе повеќ...

Види повеќе
Следно Најпопуларни безалкохолни освежителни пијалоци за ова лето
17.07.2020

4 предлози за безалкохолни пијалоци што може да ги направите за 3 минути. Уживајте

Види повеќе