Членовите на АФД на Северна Македонија го потпишаа Стандардот за Добра Пракса обезбедувајќи дополнителни мерки за заштита на потрошувачите.

18.06.2019

Членовите на Асоцијацијата на Финансиски Друштва на Северна Македонија, го потпишаа Стандардот за Добра Пракса обезбедувајќи дополнителни мерки за заштита на потрошувачите. Стандардот за Добра Пракса ќе биде објавен на веб страните на членовите на Асоцијацијата за секој клиент да може да се осигура дали конкретниот кредитор се придржува до етичката и одговорната бизнис пракса претходно поставена од страна на Стандардот.

Дополнително, формирана е и ознака за сообразност - „Одговорен Кредитор “. Тоа ќе овозможи препознавање на оние кредитори кои се приклучени кон асоцијацијата и се посветени на работа во согласност со принципите поставени од страна на Стандардот за Добра Пракса.

„Небанкарските кредити, како и многу други финансиски производи водени од технологијата се нови за потрошувачите. Како што и самата индустрија е во почетна фаза на нејзиниот развој, важно е што побрзо да се согласиме за одговорна бизнис пракса со која истовремено би се заштитувале клиентите и би ѝ се дозволило на индустријата да се развива. Понатаму, друга важна задача на Асоцијацијата ќе биде да започне соработка со законодавните и надзорни власти за дизаjнирање на стратегија за среднорочен развој на индустријата “, вели Управителот на Асоцијацијата на Финансиски Друштва, Филип Димитровски.

Стандардот за Добра Пракса цели кон тоа да обезбеди повисоко ниво на заштита и јасни правила за соработка за потрошувачите кои добиле кредит или планираат да подигнат кредит од член на Асоцијацијата. Стандардот решава прашања како проценка на кредитоспособност на клиент, етички маркетиншки пракси, брза и практична процедура на разгледување на поплаки, како и покривање на долгови. За да се осигура стапување на сила на нормите поставени во Стандардот, членовите на Асоцијацијата ќе спроведат обуки за нивните вработени.

Управителот на Асоцијацијата, Филип Димитровски ги охрабрува небанкарските кредитори да и се придружат на Асоцијацијата и заеднички да работат на балансиран развој на индустријата: „Асоцијацијата ја сметаме за саморегулаторна иницијатива за одржлив развој, имплементација на иновации, како и поттик за подобрување на севкупната транспарентност, не само на небанкарските финансиски институции, туку за целата финансиска индустрија вклучувајќи го и банкарскиот сектор во Северна Македонија. “

Цел на Асоцијацијата е да промовира веродостојни, социјално одговорни и одржливи практики на кредитирање, кои клиентите и надзорните власти ги процениле за добри. Истовремено, ќе работи на промовирање на можностите кои ги нудат небанкарските технолошки финансиски решенија кои се бенефит на индивидуално ниво како и на општеството во целина.

Оригинална верзија од текстот на Асоцијација на финансиски друштва во Северна Македонија: https://afd.mk/

Повеќе новости
Претходно Членовите на АФД на Северна Македонија го потпишаа Стандардот за Добра Пракса обезбедувајќи дополнителни мерки за заштит...
18.06.2019

Членовите на Асоцијацијата на Финансиски Друштва на Северна Македонија, го потпишаа Стандардот за Добра Пракса обезбедувајќи дополнителни ме...

Види повеќе
Следно 10 Совети за буџет за патување, за да заштедите пари на одмори
03.07.2019

Сакате бесплатни совети за буџет? Не би сакале да патувате почесто без да ја прекршите банката?

Види повеќе