Баба, дедо и внуче: 3 летни финансиски лекции

01.04.2019

Баба, дедо и внуче: 3 летни финансиски лекции

Кое е најубавото, најпаметното, најдоброто дете на светот? Без сомнение - внукот на Баба! Ако не верувате - прашајте ја било која баба!

за секое модерно македонско семејство - дури и не треба да даваме примери. Само замислете, што би правеле без баба ... Или прашајте ги оние кои поради разни причини не можат да имаат корист од тоа "добро ".

Летниот одмор е времето кога вообичаено бабите несебично и со љубов ја превземат грижата за малите палавковци ... Е, често така, - со дебелите парчиња леб и вечниот страв детето да не остане гладно, да не се испоти, бидејќи ќе настине и итн.

Долгите летни денови носат еден предизвик: децата треба да се занимаваат со нешто ... по можност со интересни активности (а тоа да не бидат електронски игри). Зошто овие не се мали финансиски лекции што ги учат луѓето со искуство во буџетот - баба и дедо. Настрана од шегата: истражувањата покажуваат дека пензионерите знаат најдобро како да направат семеен буџет и да го следат - далеку подобро од другите социјални групи. Овие податоци не треба да не изненадуваат- сепак постарите луѓе се справуваат во животот со доста ниски пензии.

Еве три предлози за летни финансиски лекции, кои се корисни и забавни.

Листата на желбите на омилениот внук може да е бесконечна. Затоа, наместо да му велите дека од сладоледот ќе го заболи грлото, а пак и немате толку пари, седнете заедно со внучето и направете си буџет за забавата и потребите на внучето. Утврдете го износот што може да се потроши на овие работи - за еден ден или една недела (во зависност од возраста на детето). Потоа, со него, држете се строго до правилата и износот.

Можете да дозволите детето да располага со пари. Но, немојте да бидете во искушение да му помогнете финансиски ако помине целиот ден (недела) и сака нешто друго. Иако ќе се налути, ќе му пренесете важна лекција - парите не се нешто бескрајно, се распределуваат согласно потребите, и на крај за да ги задоволи желбите!

на вашиот внук - пример грижи за градината, помош при подготовка на зимница, исфрлање на ѓубре и сл. Направете список на денови со работа и одредете плата - не треба да има големи суми. Потоа следете ги исполнувањата и исплатете го според завршената работа. Резултатот ќе биде одличен - децата ќе се почувствуваат вистински горди што сами заработиле пари и може да располагаат со нив без да мора да ве молат да им купите нешто.

Зошто не организирате продажба на непотребни играчки? Ова е одлична можност за вклучување на соседните деца во иницијативата. Тоа сигурно ќе биде весело.

Утврдете ги нивните цени - и 5 денари имаат вредност. Не заборавајте на потребата за рекламирање - соодветно рекламирајте ја продажбата. Ова е причината зошто внуците покажуваат талент во правењето постери.

Дури и да не постигнете спектакуларен комерцијален успех, ќе ги поставите темелите на претприемачкото размислување кај децата, ќе ги натерате да размислуваат и делуваат. И ова е навистина непроценлива животна лекција!

Повеќе новости
Претходно 7 Финансиски грешки кои вe cпречуваат да станете богати
18.03.2019

Не постојат погрешни луѓе... Туку честопати нашите грешки се скапи, особено кога се во прашање парите.

Види повеќе
Следно Како да се справите со летните проблеми во буџетот?
01.04.2019

Бидејќи се ближи летото, а традиционално оваа сезона одзема многу пари

Види повеќе